Прекин на сообраќајот кон Грција: Евзони затворен поради штрајк

Сообраќајот на граничниот премин Богородица (Евзони) денеска ќе биде целосно блокиран за сите видови возила поради штрајк организиран од грчките земјоделци.

Според информациите, прекинот ќе трае во два термини:

од 10:00 до 14:00 часот

од 18:00 до 22:00 часот

Во овој период нема да биде можен ниту влез ниту излез кон Грција преку овој премин.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување во наведените интервали и да користат алтернативни гранични премини.