На патниот правец Скопје – Куманово, на клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, утрово сообраќајот е во прекин поради излетано товарно моторно возило (ТМВ).
Екипи на полицијата и надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот со цел што побрзо нормализирање на сообраќајот.
Возачите се замолуваат за трпение и внимателно движење, како и да користат алтернативни правци додека трае интервенцијата.