Прекин на сообраќајот на патот Кочани – Штип поради сообраќајка

АМСМ и надлежните служби информираат дека од 20:30 часот вечерва сообраќајот на магистралниот пат А-3, на потегот Кочани – Штип, е во целосен прекин.

Блокадата е на делот помеѓу селата Долни Подлог и Тркање, а причината е случена сообраќајна незгода.

За да се избегнат застои, воведен е режим на пренасочување:

Сообраќајот се пренасочува преку селото Тркање кон експресниот пат Кочани – Штип.

Се апелира до возачите да ја почитуваат патната сигнализација и да возат внимателно на овој потег.