Од 16:50 часот целосно е во прекин сообраќајот на регионалниот пат Р1105, на делницата помеѓу селото Удово и Валандово, поради случена сообраќајна незгода.
Екипи се на терен и работат на расчистување на патот.
Сообраќајната полиција апелира возачите да користат алтернативни правци сè додека не се воспостави нормално одвивање на сообраќајот.