Македонија

Преку Фејсбук повикувала на омраза – кривична пријава против 41-годишна жена од Кочани

Преку Фејсбук повикувала на омраза – кривична пријава против 41-годишна жена од Кочани

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, ќе поднесе кривична пријава против С.А.(41) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394 – г од Кривичниот законик.

Според пријавеното, во текот на 2022 година, на социјалната мрежа фејсбук таа објавувала содржини со кои повикувала на омраза.

Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни