Македонија

Премиерот Ковачевски ќе се сретне со европратеничката Перез

Премиерот Ковачевски ќе се сретне со европратеничката Перез

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе се сретне со европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјал демократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез.

По состанокот премиерот Ковачевски и европратеничката Перез ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот парламент брои 145 европратеници и е втора по влијание група во Парламентот. Се залага за социјалдемократските вредности, а приоритети и се обезбедување на основните социјални права за секого, праведен даночен систем, промоција на еднакви можности, фер третман за мажите и жените и борба против сите форми на дискриминација, инклузивна дигитална унија за Европа и чиста и достапна енергија за секој европски граѓанин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни