Целосно е исполнета Инфективната клиника во Скопје заедно со модуларната болница, а во другите градови, најалармантно е во Тетово, Гостивар, а помалку критично во Кичево и Струга, рече денеска министерот за здравствок, Венко Филипче.
„Од денеска почнува да работи болницата за рехабилитација во Козле, каде што има 120 кревети кои што се снабдени со централен довох на кислород. Ние континуирано сме во комуникација со директорите на тетовската и гостиварската болница. На секој пациент на кој му е потребно место по претходна најава го праќаат тука и сега оваа установа ќе се користи на помош на колегите, ќе дојдат и доктори и сестри кои предвреме ги прекинаа одморите“
изјави Министерот за здравство, Венко Филипче.
За излез од оваа состојба, министерот апелираше граѓаните да се вакцинираат, потенцирајќи дека вакцини има доволно, а од следната недела се отвори и уште еден поголем вакцинален пункт.
„Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови“
изјави министерот за здравство, Венко Филипче.