Препукувања помеѓу Зеќири и Алими, може ли да има влада без ДУИ?

Обидот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски донесе несогласувања во коалиција СДСМ – ДУИ. Дури предизвика и итна внатрепартиска средба на СДСМ, а една од точките на дневен ред се и предвремени избори. Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во синоќешната емисија „Клик Плус“ рече дека сите опции се отворени, додавајќи дека Влада може да се формира и без ДУИ.

Н: Дали можете да продолжите без ДУИ во Владата?

МЗ: Да.

Н: Може да формирате Влада и без ДУИ?

МЗ: Да, бројките ја прават Владата. Владата може да се води со парламентарното мнозинство.

Н: И без ДУИ?

МЗ: Апсолутно.

На оваа изјава реагираше пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими.

-Амнестираа дел од пратениците. Но, ние имаме партнерство со народот врз основа на програмата на ДУИ – вели Алими.

Но, дебатата не заврши тука. Обвинувањата меѓу Зекири и Алими во однос на тоа зошто се „спаси“  Вељаноски, отидоа подалеку.

-Го спасија Трајко, можеби за подоцна да го спасат Ејуп. Доколку судскиот процес ги потврди сомнежите за кои е обвинет Ејуп Алими и поради кои секој ден оди на суд, можеби ќе дојде и денот кога на Ејуп Алими ќе треба да му се одземе имунитетот – рече Зеќири.

Реплицираше Алими. Тој го обвини Зекири дека неговата партија постојано им се заканува на судиите.

-Да, одам на суд, и ќе одам сѐ додека не се расветли целосно случајот. Но, вие одите со црни автомобили и за жал им се заканувате на судиите – реплицираше Алими.

Трајко Вељаноски „се спаси“, но која е причината што во Собранието беше оневозможено одземање на неговиот имунитет од страна на пратениците? Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците, вели дека сѐ било однапред подготвено сценарио. Според него, Џафери не требал да даде пауза по 23 часот.

 -Правило е да се повикуваме на поранешни искуства, но најголемата грешка синоќа беше што господинот Џафери, во својство на претседател на Собранието, му даде право на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ да бара пауза по 23 часот – изјави Рашиди.

И додека пратениците Рашиди и Зекири упатуваа обвинувања на адреса на собранискиот спикер за сѐ што се случи во неделата вечер, во емисијата телефонски се вклучи и Талат Џафери.

-Треба да го решиме прашањето околу раководството на Комисијата и да се консултираат за правните аспекти во однос на тоа каков предлог како заклучок има, и дали работното тело има донесено заклучок врз основа на гласањето – изјави Џафери.

Џафери ја обвини Комисијата, но не објасни зошто е свикана пленарната седница ако комисијата не ја завршила својата работа до крај.

РЕПОРТЕР: АРТАН НУХИУ

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното