Пресек на температури до 17 часот: Скопје, Велес и Демир Капија беа најтоплите градови, најладно на Попова Шапка

До 17 часот, најтопли градови беа Велес, Демир Капија и мерната станица на Петровец во близината на Скопје со 36 степени. Попова Шапка со 20 степени беше најладното место во Македонија.

Највисоките температури до 17 часот во земјава беа:

20 Попова Шапка, 25 Крушево, 26 Лазарополе, 28 Маврови Анови, 29 Берово, 30 Прилеп, Претор, 31 Крива Паланка, Охрид, 32 Битола, 33 Тетово, 34 Штип, Виница, 35 Кавадарци, Струмица, Гевгелија 36 Велес, Демир Капија, Скопје-Петровец.

До крајот на денот претежно ведро со слаб променлив ветер малку поизразен во Пелагонија. Преку ноќта ведро и тивко.