Македонија

Престрелка во скопско Шишево, загина 20-годишник, едно лице повредено

На 02.03.2019 година околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина“  од страна на  С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени  со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево. Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од  Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии.

Според пријавеното, на влезот во с.Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот,а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“.  Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни