На 18.05.2025 во 21.35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.