Македонија

Претрес во Виница, приведен 22-годишен дилер

Претрес во Виница, приведен 22-годишен дилер

Денеска (15.03.2023) полициски службеници од СВР Штип-ОВР Виница лишен е од слобода П.Ѓ.(22) од Кочани.

При претрес во дом и други простории во Виница, каде што тој престојува, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени се и одземени две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари.

П.Ѓ. е приведен и задржан во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни