Претреси низ Скопје за убиството на „Пластичарска“ – кој беше Амар Исмани?

Утрово е забележано големо присуство на полицијата низ улиците на Скопје, а според информациите на медиумите се вршат претреси во поголем број на објекти во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на „Пластичарска“ улица со кое во мај 2024 беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети.

Амар Исмани, млад и популарен пејач кој освои илјадници срца низ Македонија, трагично го загуби животот минатата година во пукање на „Пластичарска улица“ во Скопје. Тој на својот Инстаграм профил имаше преку 300.000 следбеници.

Судбоносниот инцидент започнал како кавга меѓу неколку лица, која брзо ескалирала во физичка пресметка и кулминирала со употреба на огнено оружје. Исмани бил смртно застрелан и, иако бил пренесен во болница, им подлегнал на повредите кратко по престрелката.

Само неколку часа пред убиството, пејачот на својот Инстаграм профил споделил фотографија со неговата девојка.

Од неговите објави на социјалните мрежи можеше да се види дека покрај музиката Амар сакал и да патува низ светот, но и дека бил вљубен во својата девојка.

Во инцидентот беа тешко повредени уште две лица, а истрагата за настанот е сѐ уште активна.

Убиството на Амар Исмани предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде фановите и јавноста продолжуваат да изразуваат шок и жалење за загубата на младата музичка ѕвезда.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното