Свет

Претседателот на Азербејџан: Авионот што се урна кај Таку е гранатиран од руска територија

Претседателот на Азербејџан: Авионот што се урна кај Таку е гранатиран од руска територија

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев изјави денеска дека патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс кој се урна на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан бил оштетен од истрели од територијата на Русија, пренесе Ројтерс.

Алиев изрази жалење што „одредени кругови“ во Русија се обидоа да ја прикријат вистината за несреќата во која загинаа 38 лица. Според него, овие кругови шират лажни верзии за причината за трагедијата.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му се извини на Алиев „за трагичниот инцидент што се случи во рускиот воздушен простор“. Прес-службата на Кремљ соопшти дека Путин му рекол на својот азербејџански колега дека авионот се обидел да слета во Грозни за време на напад со украинско беспилотно летало што ги поттикна руските сили за воздушна одбрана.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни