Македонија

Претседателот Пендаровски изрази сочувство по повод земјотресите во Туркије

Претседателот Пендаровски изрази сочувство по повод земјотресите во Туркије

Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференцијата со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, изрази сочувство по повод силните земјотреси кои ја погодија Република Туркије.  

„Сега добивме информација дека има втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Би сакал уште еднаш да упатам сочувство до сите погодени, и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Оваа година треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопски земјотрес и многу добро знаеме кога некои други народи и држави се наоѓаат во слична ситуација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред сè со оние кои ги изгубија своите најблиски“, изјави претседателот Пендаровски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни