Македонија

Претседателски избори, ДИК пред официјализирање на кандидатите

Иако официјално до Државната изборна комисија се уште нема доставено ниту една кандидатура за Претседател ,  од таму велат дека по обичај кандидатите листите ги доставуваат последните неколку часа ,а овој пат рокот е до 21 март.

Вечерва во 19 часот истече рокот за собирање на потписи од граѓаните за поддршка на кандидатите кои се пријавија за учество на шестите по ред претседателски избори. Она што досега е извесно е дека професорската тројка , Силјановска – Давкова , Пендаровски и Река се сигурни во трката . За останатите четворица кандидати Филип Петровски, Димче Петровски , Јосиф Мичевски и Господин Попоски треба да се пребројат потписите.

Од ДИК за Тв 21 велат дека по собирањето на потписите кое што почна на 23 февруари и заврши денеска во 19 часот ќе следува процес на пребројување и потоа официјално соопштување на конечната листа на кандидати. Инаку заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од Коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ , Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието, но и покрај потписите тој до вчера во канцелариите на ДИК низ земјава собра над 32 илјади потписи од граѓаните. Пендаровски беше потврден кандидат и на Конгресот на СДСМ на кои од вкупно 783 присутни делегати , 712 гласаа за него. Главни конкуренти на Пендаровски му беа актуелните министри за одбрана Шекеринска, за надворешни Димитров и за полиција Спасовски. Но по лидерските средби и разговори со ДУИ, Пендаровски ја доби довербата по втор пат да ја трча претседателската трка.

Името на професорката Гордана Силјановска Давкова    пак беше избрано по пат на јавен партиски конкурс , а верифицирано  од мнозиствотото  делегати на партискиот конгрес на ВМРО дпмне во Струга. Таа убедливо доби  408 гласови  од присутните над 500 делегати и го победи еден од најсериозните кандидати пратеникот Влатко Ѓорчев. Силјановска собра и над 16.000 потписи за само еден ден со цел да покаже дека е и над партиски кандидат иако собирањето на потписи беше организирано од членството на партијата.

Потписи за да учествува на претседателските  избори собра и професорот Блерим Река , кој исто така за неколку часа доби над 11 илјади потписи но доби и поддршка од албанската опозициска двојка Касами од Беса и Села од Алијансата на Албанците. Река на првата прес конференција вети различна кампања од другите кандидати и рече дека ќе учи од граѓаните . Кандидатите за наследник на Ѓорѓи Иванов сега ќе треба кандидатурите најдоцна до 21 март да ги достават до ДИК и да ја почнат кампањата на 1 април .По 20 дена ќе биде првиот круг , а вториот круг од претседателските избори  е закажан за 5 ти мај.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни