Свет

Претседателски избори во Украина: Комичарот Зелeнскиј и Порошенко одат во вториот круг

Комичарот Володомир Зелeнскиј и досегашниот претседател Петро Порошенко одат во вториот круг на претседателските избори во Украина, покажуваат резултатите од гласањето кое беше спроведено денеска низ целата земја.

Неочекувано, но Зелинскиј освоил дури 30.4 посто од гласовите, додека Порошенко помалку, само 17.8 %.

Додека критичарите се прашуваат дали Зелeнскиј има капацитет да ја води државата со оглед дека неговата програма е неодредена, тој нетипичен кандидат засега ја става „елитата“ во втор план, глобален тренд кој е во „мода“ во Украина.

Зелeнскиј нема никакво искуство. Бил само професор по историја кој што нагло станал претседател на тв-серија.

Во трката за претседател беше и Јулија Тимошенко која според последните пребројувања, освои 14.7 посто.

Полицијата известила дека до сега примила дури 1700 замерки околу неправилности за изборите.

„Ова е само почеток кон убедлива победа. Меѓутоа нема да се опуштиме“, најавил Зелeнскиј.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни