Претседателскиот авион на Израел приземјен

Новиот израелски претседателски авион „Air Force One“ е приземјен по втор пат за два месеци откако претрпел штета, објави денеска веб-страницата „Инет“.

Авионот одговорен за транспорт на претседателот и премиерот, претрпел одредено оштетување на крилото додека се влечел во хангарот, се вели во извештајот.

„Инет“ објави и дека израелскиот претседател Исак Херцог планира следната недела да ги посети Србија и Албанија и дека дотогаш се очекува авионот да биде поправен.

Исто така се очекува авионот да биде поправен и за посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за генералното Собрание на ОН во Њујорк на 23 септември.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното