Започна првото полуфинале на 66. Евровизија што годинава се одржува во Торино, а прва настапи Албанија.
Албанската претставничка Ронела Хајати на крајот од настапот со рацете покажа двоглав орел, симбол на Голема Албанија.
Хајат предизвика медиумско внимание за време на пробите, кога организаторите на натпреварот, поради мислењето дека делови од нејзиниот настап се премногу провокативни, решија да не објавуваат нејзини фотографии на социјалните мрежи.
