Претставници и од белгискиот „Глаксосмитклајн“ ќе ги проверат нивните вакцини во Македонија

Откако Министерството за здравство ја доби информацијата преку секторот за информирање, од фотографиите низ социјалните мрежи, дека еден отсто од вкупното количество вакцини имаат декларации со прикажан истечен рок, проверка се прави и во останатите вакцинални пунктови во и во компанијата увозник „Македонија лек“, а се разгледува и можноста да ѝ се одземе дозволата на компанијата.

Министерот соопшти дека денеска треба да завршат контролите за оваа грешка и потврди дека ќе пристигнат претставници и од белгискиот „Глаксосмитклајн“, компанија која е производител на МРП вакцините, за да го проверат случајот со вакцините кои имаа изминат рок.

„Важно е што по овој случај не се намали имунизирањето на децата против мали сипаници“, изјави министерот Филипче.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното