Ако мислите дека знаете кое е најексклузивното место во Италија, не сте во право. Тоа не е ниту ресторан, ниту бар, ниту клуб, туку цел еден остров. Толку е заштитен што на посетителите влезот им е дозволен само два пати годишно.
Островот Монтекристо во Тиренското море во провинцијата Ливорно, всушност е дел од Тосканскиот архипелаг.
Монтекристо е полн со разновидни флори и фауни, па всушност и поради тоа е под строга заштита. На него живеат само четири луѓе, кои и се грижат за заштита на животната средина во овој остров. Риболовот е забранет, но и пристапот до брегот.
Сепак, помеѓу 1 и 15 август и 31 август и 31 октомври островот се отвора за посетители, но потребна ви е дозвола за да му пристапите.
Во текот на престојот можете да се сместите во тамошното главно пристаниште, а ако сакате да прошетате по островот, тоа можете да го направите со придружба од стручни лица. Само 1.000 луѓе годишно добиваат дозвола за влез, а предност имаат научни тимови или или училишта кои доаѓаат на излети.
Островот го прослави францускиот автор Александар Дима, каде се одвива и дејството во неговиот авантуристички роман од 1844 година „Грофот од Монте Кристо“, кога главниот лик Едмонт Данте пронаоѓа закопано богатство на островот, кое ќе му обезбеди да го спроведе својот план на одмазда во дело.
Ако сакате да го посетите овој магичен остров, подгответе се за чекање. Откако во полицијата ќе го пополните своето барање, потребни се три месеци за да добиете дозвола и уште три години чекање за да дојде вашиот ред за посета.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година