Македонија

Превентивно повлечени неколку серии Аптамил формули за доенчиња

Превентивно повлечени неколку серии Аптамил формули за доенчиња

Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено  е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.

Производи опфатени со повлекувањето:

  • APTAMIL AR 2
Сериски број (лот)Рок на употреба
20250924 / 11149224824.09.2026
20251106 / 11150501506.11.2026
  • APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот)Рок на употреба
20250619 / 11145097919.06.2026
20260720 / 11147014920.07.2026
20260922 / 11149404122.09.2026
20261027 / 11150943627.10.2026
20261130 / 11151885730.11.2026
20261219 / 11152636519.12.2026
20270121 / 11153914121.01.2027
  • APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот)Рок на употреба
20260722 / 11147308222.07.2026
20260904 / 11148954304.09.2026
20261014 / 11150482814.10.2026
20261126 / 11151912226.11.2026

Апелираме потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни