Превезувал дрва без дозвола, па удрил во малолетничка – приведен жител на Блаце

На 15.05.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Блаце, скопско.

Околу 12.15 часот во с.Чучер Сандево, тој со патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак – малолетничка од с.Чучер Сандево.

Во незгодата, малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

При вршење на увидот било констатирано дека во возилото превезувал огревно дрво без документација, кое било одземено.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното