Македонија

При преглед на товарно возило пронајдени 86 мигранти

При преглед на товарно возило пронајдени 86 мигранти

На  23.07.2022 во  23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје.

При преглед во товарно возило „сканиа“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 лица мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници. 

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни