ПРИЈАВА ВО МВР: Градоначалник и полициски службеник упатувале закани по телефон

На 11.09.2020 во 11,00 часот во Полициското одделение Камењане, Ј.И.(39) од с.Мала Речица-тетовско пријавил дека неговиот брат И.И. бил повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот А.Џ. му упатил закани, а во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се вчитува...

.

Извор: ТВ21