Македонија

Принова во Зоолошката градина во Скопје – родени близначиња од најмалите мајмунчиња на светот

Принова во Зоолошката градина во Скопје – родени близначиња од најмалите мајмунчиња на светот

Во Зоолошката градина во Скопје се родија близначиња од видот џуџести мармозети – најмалите мајмунчиња на светот, информираат од ЗОО Скопје.

Од таму велат дека џуџестите мармозети тежат најмногу до 100 грама, поради што и новороденчињата моментално се тешко забележливи со голо око. Двете бебиња постојано се наоѓаат на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група.

Од Зоолошката порачаа дека станува збор за значајна принова и дека посетителите ќе можат да ги забележат малите мармозети во наредниот период кога ќе станат повидливи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни