Принцот Хари, војводата од Сасекс, и неговата сопруга, војвотката Меган Маркл, се сретнаа со англиската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор за прв пат по нивното разделување од британското кралско семејство во 2020 година.
Портпаролот на принцот Хари и Меган Маркл ја потврди посетата на двојката на Велика Британија пред Игрите Инвиктус во Хаг, Холандија.
Во печатот се пишува дека војводата од Сасекс Хари и неговата сопруга Меган Маркл се сретнале и со принцот Чарлс.
Посетата на двојката на кралицата Елизабета доаѓа откако принцот Хари не присуствуваше на комеморацијата за неговиот дедо, принцот Филип, војводата од Единбург, во главниот град Лондон, минатиот месец.
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе отпатуваат во Хаг за да присуствуваат на Игрите Инвиктус, кои ќе се одржат во Холандија од 16 до 22 април, по нивната посета на Лондон.
Принцот Хари, војводата од Сасекс, и неговата сопруга не биле заедно во Велика Британија откако го напуштија кралското семејство во јануари 2020 година.
Хари и Меган се повлекоа од своите кралски должности во јануари 2020 година, преселувајќи се во Јужна Калифорнија за да живеат понезависен живот и да избегаат од британските медиуми.
