Од приватните болници Жан Митрев и Систина соопштија дека ги ставаат на располагање сите свои ресурси за прифаќање и згрижување на повредените од катастрофалниот пожар што ноќеска избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од Систина информираат дека се подготвени да помогнат со медицински транспорт и прием на пациенти, обезбедувајќи итна медицинска нега за сите на кои им е потребна.
Во овие тешки моменти, здравствените установи се мобилизирани за да помогнат во справувањето со последиците од трагедијата што ја зави Македонија во црно.