Приватните превозници почнаа да ги тргаат автобусите од булеварот „Илинден“ од пред Град Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека ќе ги прими на разговор, ако најпрво ги тргнат блокадите.
Сега тоа го сторија, па се очекува превозниците да заминат на преговори во Владата за да се договорат околу долгот кој го има Град Скопје кон нив.
Приватните превозници во последните две недели го блокираа Скопје. Минатата недела протестите беа низ целиот град, односно две главни крстосници кај Црвен Крст и кај Мавровка, и цела „Илинденска“, по што во петокот се решија да ги продолжат блокадите само пред Град Скопје.