Македонија

Приватните превозници поминаа уште една ноќ во своите автобуси – Арсовска вели нема долг

Приватните превозници поминаа уште една ноќ во своите автобуси – Арсовска вели нема долг
Приватните превозници поминаа уште една ноќ во своите автобуси во знак на протест, но овојпат само пред Град Скопје. Протестот трае веќе 6 дена, но решение за долгот кон нив сѐ уште нема. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е децидна. Вели дека ЈСП ги исплатила сите средства предвидени за приватните превозници. „Граѓаните треба да знаат дека Град Скопје има договор само со едно правно лице и нему континуирано му се исплаќа, а еве ги секојдневните исплати. Е сега како, колку и дали тоа правно лице исплаќало, ние не знаеме. До 8 ноември, додека не почнаа овие протести и блокади, ЈСП редовно си исплаќаше до „Слобода превоз“. Ние знаеме колку средства се исплатени и инстуциите си имаат начин да постапат и да се види која е вистината. Оној што ја направи целата збрка реши да се повлече, да се изолира и тоа доволно кажува. Ниту еден од овие луѓе кои велат дека сакаат чесно да си го заработат лебот нема да дозволиме да остане на улица. Но, некој да манипулира, да тера политика преку нив и да се обидува да го парализира градот, тоа нема да го дозволиме, особено не со закани и со уцени“, посочи градоначалничката.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни