Приватните превозници утре од 6 часот повторно ќе го блокираат Скопје

Утре Скопје повторно ќе биде под блокада, откако приватните превозници денеска најавија дека ќе го блокираат булеварот Илинден, од Владата до крстосницата со булеварот „8-ми септември“. Ова го најави Ленин Јовановски од „Слобода Превоз“ на денешната прес-конференција.

Блокадата ќе биде со 200 автобуси кои ќе ја зафатат само десната лента од булеварот кој го опфаќа и седиштето на Град Скопје. Целта е да се најде решение со Град Скопје за долгот кој го има кон приватните превозници „Слобода Превоз“ и „Мак експрес“. Блокадата треба да започне во 6 часот наутро.

Јовановски не кажа кога ќе завршат блокадите, односно најави дека доколку не се најде решение, можно е да има блокирање и за викенд.