Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни снимки од поранешната партнерка

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни снимки од поранешната партнерка

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа и снимки ги направил достапни за трети лица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни