Приведен 36-годишник во Кичево: Безобѕирно управувал моторно возило

На 05.03.2025 во 23.00 часот на пресекот на улицата „Магистрален пат“ со булеварот „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.К.(36) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ без регистарски таблички, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното