Македонија

Приведен 72-годишен маж од Демир Капија, вознемирил малолетничка, сакал да ја носи во ресторан!

Приведен 72-годишен маж од Демир Капија, вознемирил малолетничка, сакал да ја носи во ресторан!

На 27.12.2024 година во 21.50 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П.(72) од Демир Капија, постапувајќи по пријава од Ф.М.(43) од демиркаписко село.

Според пријавеното, во Демир Капија, неговата малолетна ќерка истиот ден била запрена од М.П. кој откако ја сопрел почнал да и упатува прашања и понуда за во ресторан, а откако малолетничката одбила, и рекол дека повторно ќе ја побарал, од што истата се вознемирила и исплашила.

Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино.

М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни