Македонија

Приведен дилер во радовишко, пронајдена дрога

Приведен дилер во радовишко, пронајдена дрога

На 30.12.2022 година во 23.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, радовишко.

При претрес на патничко возило “волво” со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни