Македонија

Приведен гостиварец баран со потерница, осуден на шест години затвор

Приведен гостиварец баран со потерница, осуден на шест години затвор

Полициски службеници ноќеска привеле разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна.

– Ноќеска во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ш.(36) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни