Македонија

Приведен крадец баран по потерница, осуден на 20 години казна затвор

Приведен крадец баран по потерница, осуден на 20 години казна затвор

На 17.02.2023 во 14.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(36) од Штип.

Тој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде имал за доиздржување 7 години и четири месеци од казната.

Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршена тешка кражба во куќа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.   

Притоа, кај него биле пронајдени предмети за кои постои и сомнение дека потекнуваат од кривични дела.  

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни