Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

Приведен криумчар на мигранти од Зелениково

Приведен криумчар на мигранти од Зелениково

На автобуска постојка на влез во гевгелиското село Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привела М.Ѓ., на возраст од 37 години, од селото Пакошево, општина Зелениково.

– Околу 15.40 часот на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, полициските службеници затекнале 24 лица мигранти. По извршен разговор со нив, констатирано било дека М.Ѓ. ги превезувал со возило комбе „форд транзит“ со гевгелиски регистарски ознаки, со кое запрел на наплатната рампа Смоквица и побегнал, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки, возилото било пронајдено и во негова близина биле затекнати седум лица, мигранти, по што бил пронајден и возачот.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите билe привремено сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни