На 03.08.2026 година во 04.15 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е А.Х.(39) од Кичево.
Тој, на улицата „Прилепска“ во Кичево, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автомобил „Голф“ со кичевски регистарски ознаки.
По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој, немал положено возачки испит а по извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,66 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.