Македонија

Приведен струмичанец, превезувал мигранти без дозвола и со регистарски таблички од друго возило

Приведен струмичанец, превезувал мигранти без дозвола и со регистарски таблички од друго возило

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.

Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција.

По извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на друго возило, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни