Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 управувале возило без возачка дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол. Четири возачи во Скопје, двајца во Куманово и по еден возач во Тетово, Гостивар, Велес, Дебар и Битола возеле без возачка дозвола, додека еден возач во управувал возило без дозвола и под дејство на алкохол.
Еден возач во Скопје и еден во Неготино управувале возило со активна забрана, а еден возач во Струмица управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
