Македонија

Приведени двајца крадци од Гостиварско

Приведени двајца крадци од Гостиварско

Полицијата од Гостивар вчера лишила од слобода двајца жители на село Добри Дол, Гостиварско, кои се сомничат дека извршиле тешка кражба во помошен објект на приватен имот во селото, при што одзеле повеќе предмети.

– На 10.09.2022 во 13:25 часот во село Добри Дол, Гостиварско, од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода Е.А.(26) од с.Добри Дол. Тој се сомничи дека заедно со Е.Ф.(21) од истото село, кој околу 17:30 часот исто така бил лишен од слобода, извршиле кривично дело „тешка кражба“ во помошен објект на приватен имот во селото, при што одзеле повеќе предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни