Македонија

Приведени две лица од Блаце поради превоз на огревни дрва без документи

Приведени две лица од Блаце поради превоз на огревни дрва без документи

На 07.02.2026 околу 16:00 часот на земјен пат во атар на с. Бразда, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци ги лишија од слобода О.Ј.(24) и. Е.Љ.(48), двајцата од с.Блаце, затоа што во патничко возило “венто”, управувано од О.Ј., а сопатник бил Е.Љ., се пронајдени огревни дрва без документација.

Полициските службеници дале знак за запирање, но О.Ј. не го запрел возилото.

По преземени мерки, возилото е пронајдено, лицата се лишени од слобода, известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни