Приведени две лица од Трубарево – палеле кабли во парк во Аеродром

На 28.09.2025 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишија од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од с.Трубарево, скопско.

Претходно, вработен во општина Аеродром пријави дека во парк на бул.„Февруарски поход“ две лица палеле кабли, а откако полициските службеници излегле на местото ги пронајдоа и лишија од слобода двајцата.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.