Приведени повеќе лица поради финансиски малверзации поврзани со прилепската болница

Финансиската полиција денеска спроведе акции во Прилеп поврзани со сомнителни финансиски малверзации во висина од околу 800.000 евра, поврзани со Општа Болница Прилеп, дознава Канал 5 од неофицијални извори.

Во рамките на акцијата се приведени повеќе лица, меѓу кои:

Кети Смилеска, поранешен пратеник и директор од СДСМ,

Александар Спиркоски – Џемо, и

Владимир Петрески, помошник и десна рака на Смилеска, како и други раководители и управители на фирми кои, според информациите, склучувале договори за јавни набавки со болницата.

Спроведените дејствија се дел од истрага за сторен криминал и финансиски злоупотреби, а повеќе детали се очекуваат во наредните денови од надлежните институции.