Македонија

Приведени седуммина крадци, расчистени 11 кривични дела

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 11 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, пет кривични дела „тешка кражба“, две „тешка кражба“ на дрзок начин и три кривични дела „кражба“ извршени на територијата на општините Штип и Карбинци од крајот на јануари и во текот на февруари годинава.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени А.Ј.(19), Е.Ј.(19), Ш.И.(20), Н.И.(34), Д.М.(34), И.Г.(47) и еден малолетник, сите од Штип.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни