Македонија

Приведени шест лица во Битола поради неовластено организирање игри на среќа

Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план “Безбедно лето”, по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул „Караорман“ во Битола.

При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50),Ш.М.(47),А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола.

Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 „комар“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни