Македонија

Приведени тројца навивачи на натпреварот меѓу МЗТ и Работнички

Приведени тројца навивачи на натпреварот меѓу МЗТ и Работнички

Тензична атмосфера и полициска интервенција го одбележаа кошаркарското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички Скопје, кое се одигра во салата на Спортски центар Јане Сандански.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 март 2026 година околу 19:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле три лица поради нарушување на редот за време на натпреварот. Станува збор за Д.Н. (45), Ф.С. (18) и А.В. (46), сите од Скопје.

Двајца од приведените, како што информираат од МВР, фрлале предмети во внатрешноста на салата, додека кај третото лице бил пронајден пејпер-спреј.

Од полицијата најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни