Девете лица кои беа приведени вчера на градничниот премин „Табановце“ во моментов се наоѓаат во Основното јавно обвинителство, од каде со полиција ќе бидат спроведени во Кривичниот суд, дознава 4NEWS.mk
Според нашите информации во текот на вечерта тие со полициска придружба ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а во моментов не е јасно какви мерки бара Обвинителството за гонење на организиран криминал кое ја води постапката.
Дали ќе се бара притовр, одземање на патна исправа или неделно јавување во судот, во моментов е нејасно.
4NEWS.mk дознава дека Обвнинителството за дел од главните „актери“ ќе бара ефективен притовр од 30 дена, но конечната одлука за тоа ќе треба да ја донесе судија на претходна постапка.
Иако поминаа 24 часа од акцијата до моментов нема дополнителни официјални информации од институциите.