Македонија

Приведено лице од Куманово, во куфер си пренесувал над пет килограми марихуана

Приведено лице од Куманово, во куфер си пренесувал над пет килограми марихуана

На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул.”Јадранска магистрала” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило “пасат” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово.

При преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од пет килограми на марихуана.

Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215 од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни